Како да нарачам?
Заради бројните прашања за нарачувањето на нашите производи, овде ја опишуваме постапката за нарачување. Ве молиме контактирајте не доколку имате проблеми.
- Прво, посетете ја нашата веб-продавница, кликнувајќи на соодветниот елемент од Главното Мени, или на овој линк.
- Одберете ја категоријата од која сакате да нарачате (подоцна може да се вратите и да одберете друга по избор).
- Ќе се отвори страна со производите што припаѓаат на соодветната категорија. Одберете го производот што ве интересира и кликнете на сликата или на „Опис на производот„ за повеќе информации.
- На страната со опис на производот најдоле има сликичка на која пишува „Во кошничка„. Доколку претходно пишува „Ве молиме одберете опција„, овде треба да селектирате големина и/или боја и потоа да го ставите производот во Вашата кошничка со кликнување на сликичката „Во кошничка„.
- За повеќе производи повторете ја постапката. Кошничката ги снима сите информации за производите што сте ги одбрале.
- Штом ќе завршите, на менито од десната страна ќе кликнете на „Прикажи кошничка„, од каде потоа на следната страна ќе одберете „Нарачај„ на крајот од страната.
- Доколку немате корисничка сметка, ќе може овде да ја креирате, а доколку имате, ќе продолжите со нарачувањето се до потврдувањето на нарачката.
- Потоа ќе добиете email со деталите од нарачката.
- Во текот на истиот или следниот ден ќе бидете контактирани за испораката.

