еПродавница
Сподели на facebook
mama.lamol на Facebook
Мислења
Opinion of Natasha Mitreska about:
5 STARS
Ја купив оваа ташна и да ви кажам на сите што сте заинтересирани презадоволна сум. Прво е иста како што ја гледате. Многу практична и со врвен квалитет. Не двоумете се нема да зажалите.
Пријатели

 

Belly Bandit и во Македонија

Дали сте подготвени да се збогувате со вашето постпородилно стомаче?

Запознајте се со вашиот нов пријател, Belly Bandit.

Абдоминален појас кој помага за затегањена стомачната мускулатура после бременоста!

* Помага за побрзо намалување на обемот на вашата половина *
* Веднаш изгледајте послаби * Препорачано од доктори и гинеколози *
* Потпора додека доите * Го забрзува опоравувањето *
* Го намалува притисокот на половината и нозете *
* Ја враќа самодовербата * Помага за намалување на стриите *
* Пружа комфорт после царски рез * Го подобрува држењето *
* Го намалува чувството на непријатност * Го намалува отекувањето *

Ни претставува особено задоволство да ви го претставиме новитетот на нашиот пазар, вo вид на модерни, квалитетни и извонредно дизајнирани постпородилни абдоминални појаси за тукуштопородени мајки.

bellybandit15241

Терапевтското врзување и затегње на стомакот на жените после пораѓањето претставува со векови долга традиција кај народи од целиот свет. Зголемениот и постојан притисок на стомачната област има многу придобивки. Позната е онаа на поддршка при израмнувањето на стомакот и редефинирање на половината, истовремено помагајќи ви да го држите грбот исправено, притоа минимизирајќи ги чувствата на болка и замор.

Ова е едноставен удобен и пријатен појас, скроен исклучително за да ви помогне вашето тело да ја врати формата и убавината од пред бременоста. Belly Bandit™ појасите обезбедуваат силна поддршка за ублажување на чувството на непријатност и ви даваат дополнителен поттик на вашата самодоверба која вие посебно ја заслужувате после пораѓањето. Нивниот лесен состав е дизајниран за удобно носење под сите видови на облека и отсуството на етикети е со цел да не ја иритира вашата кожа.

За најдобар ефект, појасите се препорачува да се носат веднаш по пораѓањето за период од 6 недели, непрекинато.

Како ексклузивен застапник на и дистрибутер на Belly Bandit™ абдоминално компресиските појаси, ЛАМОЛ НЕТ Д.О.О. е ориентирана кон мајките во постпородилниот период, со цел во овој период на секоја нова мајка да и ја олесни улогата и ја потсети дека таа и понатаму е прекрасна жена која го заслужува најдоброто. Belly Bandit™ појасите дотолку се оригинални и интересни, што ги исполнуват сите услови на висококвалитетни постпородилни појаси за затегање и побрзо враќање на стомачната мускулатура во формата од пред бременоста. Затоа и со задоволство се препорачани од гинеколозите и физијатрите.

Belly Bandit™ не само што помага да се намали отеченоста на матката, но исто помага и во намалување на надуеноста предизвикана од задржувањето на водата. Дополнително, претставува поддршка за уморните нозе и половина на тукушто породената мајка. Ако доите, дополнителен бонус е што Belly Bandit™ помага за одржување на вашето држење при хранењето, намалувајќи ги болките во рамото и грбот. Конечно, Belly Bandit™ појасот ќе ви помогне во најкраток временски период да ја вратите вашата форма од пред бременоста.

Стриите се уште еден проблем каде Belly Bandit™ може да помогне. Иако сите знаеме што ги предизвикува, т.е. растењето на стомакот и растегнувањето на кожата, навистина никогаш не размислуваме за нив се до после породувањето. Вишокот на кожа кој што е истегнат после раѓањето може да продолжи да предизвикува неубави белези. Зголемената поддршка на оваа лабава кожа може да ја намали тензијата, која пак може да ги намали стриите во постпородилниот период.

Три варијанти

Belly Bandit™ доаѓа во три варијанти, со различно ниво на удобност:

Фактор на удобност:
Rating_3_sterren_4 Belly Bandit Original - Единствениот Belly Bandit ™ појас е креиран специјално за женското тело после пораѓањето. Едноставната непокриена верзија е онаа која го започна лудилото. Едноставен и ефективен!

    belly_bandit_-_nude

Rating_4_sterren_68 Belly Bandit Couture - Делукс Couture Belly Bandit ™ е во потполност покриен со лесна ткаенина, eднобојна надворешна со внатрешна шарена прекривка, кои се едноставно прекрасни за носење.

n23018104261_4605

Rating_5_sterren_26 Bamboo Belly Bandit - Еколошкиот Bamboo Belly Bandit™ е анти-микробиолошки, отпорен на влага и е три пати потраен од памукот. Како растение, бамбусот е комплетно издржлива култура. Нема потреба од никакви пестициди, фунгициди, хербициди или дополнителна вода. Само со нормални дождови расте по еден метар на ден! Ткаенината изработена од бамбус е една од најмеките, комплетно природни ткаенини.

bamboobelly678

Која големина е за вас?

Заради варијациите на женското тело во големината и обликот, разбираме дека не е едноставно да ја најдете вашата големина. Не грижете се, ние ви нудиме неколку совети како да одлучите која големина е за вас. Ве молиме имајте во предвид дека ширината на појасот е 9 инчи (ca. 23 cm).

  • Ако купувате Belly Bandit™ на почетокот на својата бременост, најдобро правило е да се оди од 1 до 2 големини повеќе од вашата големина пред бременоста.
  • Во осмиот месец многу жени ќе бидат со иста големина како онаа после раѓањето. Едноставно измерете го обемот на половината во висината на вашиот папок. Одберете го соодветниот појас за вашата големина.
  • Непосредно пред пораѓањето едноставно одземете 3-5 инчи (7.5 до 13 cm) од вашата мерка, измерена во висина на папокот. Одберете го соодветниот појас за таа големина.
  • Ако го купите вашиот Belly Bandit™ после пораѓањето едноставно одберете соодветен појас за вашата големина. Измерете го најголемиот дел од стомакот.

Сме имале многу клиенти кои се помеѓу две големини. Нашиот совет е или да ги купите двете поголеми или само поголемиот. Не грижете се, брзо ќе стигнете до помалата големина, но ова е појас за компресија, па ако го купите премногу мал, може да ви биде претесен за да го носите. Точното димензионирање е од суштинско значење за ефикасноста на производот. Купувањето на Belly Bandit™ кој е преширок нема да изгледа добро под облека и може негативно да влијае на крајниот резултат. Belly Bandit™ е дизајниран со прилагодливост од пет инчи (13 cm) за да остане цврст и стегнат додека вие се смалувате.

 

За ориентација за вашата големина користете ја следнава табела:

 

merki

 
Логин





Kошничка
VirtueMart
Вашата кошничка е празна.

Случаен избор
Posh Pads - Сет од 3 пара
Posh Pads - Сет од 3 пара
MKD2199,00

Belly Bandit Couture - Црн
Belly Bandit Couture - Црн
MKD4299,00

Елегантна ташна за пелени - Црни цветови - овална
Елегантна ташна за пелени - Црни цветови - овална
MKD1799,00

Posh Pads - Avocado Delight
Posh Pads - Avocado Delight
MKD799,00

Posh Pads - Ooh La La Purses
Posh Pads - Ooh La La Purses
MKD799,00

Posh Pads - Pink Vines
Posh Pads - Pink Vines
MKD799,00

Елегантна ташна за пелени - Црни цветови - правоаголна
Елегантна ташна за пелени - Црни цветови - правоаголна
MKD1899,00

Posh Pads - Rock-n-Roll Dreams Lime
Posh Pads - Rock-n-Roll Dreams Lime
MKD799,00

mama.lamol Маица за доење MILA
mama.lamol Маица за доење MILA
MKD1199,00

Елегантна ташна за пелени - Сини месечини
Елегантна ташна за пелени - Сини месечини
MKD1999,00