Прашања и одговори
1. Може ли да го носам за време на бременоста?
- НЕ, никако. Ова е производ за после породувањето. Како и да е, Ви препорачуваме да си го набавите за време на бременоста.
2. Во што е всушност магијата на Belly Bandit?
- Нема никаква магија :) Belly Bandit е абдоминален компресиски појас кој Ви помага после породувањето да си ја вратите линијата од пред бременоста. Затeгањето на стомакот после породувањето постои како традиција кај многу култури и народи. Целта е да се намали отекувањето на матката, да ви даде поддршка на нозете и половината, како и дополнителен комфорт при доењето, притоа помагајќи ви да си го вратите Вашето тело од пред бременоста.
3. Зошто претходно не сум чула за Belly Bandit?
- И ние тоа го рековме за постпородилното затегање на стомачните мускули. Кој знаел? Мудрите жени низ светот се тие кои знаеле.
Врзувањето на стомакот после породувањето се користело терапевтски со векови низ целиот свет. Се верува дека постојаниот притисок на абдоминалната област има ефекти како: израмнување на стомакот и редефинирање на половината, помагајќи Ви да го држите вашиот грб исправен, притоа минимизарајќи ги болките. Belly Bandit е совршен производ за Вашето тело после породувањето.
4. Кој ќе знае дека носам Belly Bandit?
- Само оние што Вие сакате да знаат.
Прво, Belly Bandit појасот НЕ е мидер. Тој е едноставно удобен и пријатен, ексклузивно дизајниран појас кој му помага на Вашето тело да си ги поврати убавината и сјајот од пред бременоста. Belly Bandit е дизајниран за удобно носење под облеката и фактот дека нема етикети на него и дека е составен од само еден дел придонесува за пријатно носење без иритација на кожата.
5. Се породивте пред 3 месеци, година дена... а сега дознавате за Belly Bandit?
- Иако препорачуваме носење на Belly Bandit веднаш по породувањето за 6-8 недели, нема причина зошто да не го носите кога сакате. Дополнителни ефекти од производот се: дополнителна потпора на половината (посебно добро доаѓа за време на циклусот) и подобрено држење. Сите знаеме дека кога подобро се чувствувате, тогаш сте поактивни. Така, ова може да доведе до повеќе движење и со тоа да ве мотивира за вежбање.
6. Кога треба да почнам да го носам мојот Belly Bandit?
- Во текот на првите 24-48 часа по породувањето. Може да почнете да го носите уште истиот ден после породувањето (дури и ако сте со царски рез)! Носењето на Belly Bandit после царски рез може да го скрати времето на опоравување после операцијата, притоа намалувајќи ја болката асоцирана со раната.
Пред негово користење во случајот на царски рез, консултирајте доктор.

