
Која големина е за вас?
Заради варијациите на женското тело во големината и обликот, разбираме дека не е едноставно да ја најдете вашата големина. Не грижете се, ние ви нудиме неколку совети како да одлучите која големина е за вас. Ве молиме имајте во предвид дека ширината на појасот е 9 инчи (ca. 23 cm).
- Ако купувате Belly Bandit™ на почетокот на својата бременост, најдобро правило е да се оди од 1 до 2 големини повеќе од вашата големина пред бременоста.
- Во осмиот месец многу жени ќе бидат со иста големина како онаа после раѓањето. Едноставно измерете го обемот на половината во висината на вашиот папок. Одберете го соодветниот појас за вашата големина.
- Непосредно пред пораѓањето едноставно одземете 3-5 инчи (7.5 до 13 cm) од вашата мерка, измерена во висина на папокот. Одберете го соодветниот појас за таа големина.
- Ако го купите вашиот Belly Bandit™ после пораѓањето едноставно одберете соодветен појас за вашата големина. Измерете го најголемиот дел од стомакот.
Сме имале многу клиенти кои се помеѓу две големини. Нашиот совет е или да ги купите двете поголеми или само поголемиот. Не грижете се, брзо ќе стигнете до помалата големина, но ова е појас за компресија, па ако го купите премногу мал, може да ви биде претесен за да го носите. Точното димензионирање е од суштинско значење за ефикасноста на производот. Купувањето на Belly Bandit™ кој е преширок нема да изгледа добро под облека и може негативно да влијае на крајниот резултат. Belly Bandit™ е дизајниран со прилагодливост од пет инчи (13 cm) за да остане цврст и стегнат додека вие се смалувате.
За ориентација за вашата големина користете ја следнава табела:


